Сѐ е договорено: Гундоган е старо-нов играч на Сити!

August 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сѐ е договорено: Гундоган е старо-нов играч на Сити!

Илкај Гундоган се враќа во Манчестер Сити по само една помината сезона во Барселона. Договорот ќе биде потпишан до 2025 година, а тој ќе замине од Барселона бесплатно. Договорот бил постигнат во последните 48 часа каде Пеп Гвардиола уште од самиот старт даде зелено светло Гундоган да се врати. Гундоган имаше плата од 19 милиони евра бруто во Барселона, а од страна на Ханси Флик му беше кажано дека не може да му гарантира место во првите 11. Германецот се откажа од платата која за наредните две години ќе му ја должеше Барселона се со цел да го заврши својот трансфер во Сити.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.