Се менува правилото за пенал: Познато е што ќе биде досудено во иднина!

September 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Се менува правилото за пенал: Познато е што ќе биде досудено во иднина!

Во четвртфиналето на Европското првенство помеѓу Шпанија и Германија се случи еден контроверзен момент каде при шут на Мусиала, топката ја погоди раката на Кукуреља која воедно не беше прилепена за неговото тело. Во тој момент англискиот судија Ентони Тејлор не досуди ништо, а немаше реакција ниту од ВАР собата. Тогаш судиите сметаа дека нема пенал, но мотивирани од таквата ситуација, сега правилото ќе биде променето, одлучи судиската комисија на УЕФА. „Според најновите насоки на УЕФА, контактот на топката со рака која го запира шутот кон голот треба да се казнува и во повеќето случаи треба да се досуди најстрога казна, освен ако раката на дефанзивецот е премногу блиску до телото или прилепена со телото. Во овој случај како на мечот Шпанија - Германија, одбранбениот играч (Кукуреља) со раката која не е премногу блиску до телото го запира шутот кон голот“, објаснуваат од Судиската комисија на УЕФА. Допрва ќе видиме како ваквото ново правило ќе се одрази на натпреварите каде многумина сметаат дека и оваа промена може да создаде дополнителна збунетост.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.