Се менува ТВ преносот во ПЛ: Изјави на полувреме, видео снимки од соблекувалните!

October 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Се менува ТВ преносот во ПЛ: Изјави на полувреме, видео снимки од соблекувалните!

Од наредната сезона ќе бидеме сведоци на огромни промени кога станува збор за ТВ преносот во Премиер лигата. Новитетите кои ќе бидат воведени од наредната сезона се слични на оние во американските спортови. Од следната сезона тренерот или помошникот тренер за време на полувремето од натпреварот ќе дава изјава, а изјави ќе даваат и оние играчи кои биле заменети. Воедно, ќе се објавуваат и видео снимки од соблекувалната. На секој натпреварт клубовите ќе можат да одберат една од овие три опции која ќе ја користат. Договорот кој го потпиша Премиер лигата ќе важи три години и ќе вреди осум милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.