Сè по старо: Нејмар се повреди пред роденденот на сестра му!

March 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сè по старо: Нејмар се повреди пред роденденот на сестра му!

Нејмар повторно ќе отсуствува од терените на неодредено време, потврдија бразилските медиуми. Засега не е познато точно за каква повреда се работи, но интересно е што тоа се случи токму кога неговата сестра го слави својот роденден на 11 март. Отсуството пред роденденот на неговата сестра најмногу се осети во периодот кога тој играше за Барселона. По повредата, Нејмар го пропушти натпреварот со Коринтијас (1-2) во полуфиналето од Паулиста, а потоа се огласи на социјалните мрежи. „За жал, почувствував болка во претходните недели. Сакав да помогнам на тимот, направивме тестови, но повторно почувствував болка“, напиша Нејмар. Во последните десет години, ова се случи седум пати, истакнуваат бразилските медиуми.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.