Се појави снимка на која Родри слави и пее за Винисиус! (ВИДЕО)

October 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Се појави снимка на која Родри слави и пее за Винисиус! (ВИДЕО)

Родри е освојувачот на „Златната топка“ иако сите очекуваа наградата да му припадне на Винисиус. Неколку часа пред церемонијата, Бразилецот ја дозна оваа информација па заедно со неговиот клуб ја бојкотираа оваа награда. Очигледно Родри бил испровоциран одд целата ситуација во која Реал Мадрид тврди дека само нивниот играч ја заслужува наградата, па така се појави една интересна снимка на која може да се види како Родри по церемонијата слави со раководството на Сити и неговите блиски пријатели и пее песна за Бразилецот. Шпанецот славеше со познатата песна „Бела чао“, но во еден момент запеа „Винисиус чао, чао“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.