Се смирија страстите околу Роналдо: Познат неговиот следен клуб

May 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Се смирија страстите околу Роналдо: Познат неговиот следен клуб

Иако пред само неколку дена изјавата „Поглавјето заврши“ навести можен крај на неговата авантура во Саудиска Арабија, португалската ѕвезда сепак одлучи да продолжи со клубот од Ријад. По бројните шпекулации и неизвесноста околу неговата иднина, Кристијано Роналдо донесе конечна одлука – ќе остане во Ал Наср. Изјавата по последниот натпревар од сезоната ги збуни навивачите и предизвика лавина од шпекулации во медиумите, меѓу кои и гласини за можен трансфер во ривалскиот Ал Хилал. Многумина ја толкуваа како сигнал за заминување од клубот – а можеби и од земјата. Но, според новите информации на реномираниот новинар Санти Ауна, Роналдо и Ал Наср постигнале договор – сите детали се усогласени, а договорот е веќе потпишан. Така, ЦР7 ќе ја продолжи својата саудиска приказна и ќе остане клучна фигура на „жолтите“ и следната сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.