Се воведува ново правило кое не е во полза на голманите

March 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Се воведува ново правило кое не е во полза на голманите

Од почетокот на следната сезона ќе стапи на сила ново правило одобрено од ИФАБ, кое значително ќе влијае врз играта на голманите. Доколку тие ја задржат топката подолго од осум секунди, судијата ќе може да додели корнер за противничката екипа. Оваа промена, која има за цел да спречи одолговлекување на играта, веројатно нема да им се допадне на голманите, но и на тимовите кои преферираат да трошат време.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.