September 25, 2024 | | Свет
Најрелевантниот новинар кога станува збор за фудбалските трансфери Фабрицио Романо денеска потврди дека Шчесни ќе биде нов голман на Барселона и во наредните денови ќе ги помине медицинските прегледи. Крајот на август тој објави дека решил да се пензионира, но Барселона успеа да го разубеди. Тој ќе потпише договор на една година, а наводно ќе заработува три милиони евра годишно, со можни бонуси. Овој трансфер доаѓа откако Тер Штеген доживеа ужасна повреда на коленото при еден доскок во натпреварот против Виљареал. Германскиот голман ќе отсуствува околу осум месеци, иако наводно неговата цел е да се врати во мај, период кога Барселона треба да се бори за трофеи каде би сакал да придонесе и да му помогне на тимот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |