Се знае новиот клуб на Барди: Пристигна за потпис на договорот (ВИДЕО)

January 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Се знае новиот клуб на Барди: Пристигна за потпис на договорот (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен капитен, Енис Барди, ја продолжува својата кариера во Турција, овојпат во редовите на Бодрумспор. После напуштањето на Трабзонспор како слободен агент, Барди го избра токму овој клуб за своја нова дестинација. Иако се шпекулираше за негово заминување во клубови како Динамо, Хајдук, па дури и во Англија или Шпанија, тој одлучи да остане на турската сцена. Денеска, Барди слета во Бодрум, каде што ќе помине медицински прегледи пред официјално да биде промовиран како нов играч на екипата. Со овој чекор, дефинитивно е потврдено неговото ново поглавје во кариерата, кое го врзува со амбициозниот Бодрумспор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.