January 20, 2025 | | Свет
Реал Мадрид ја искористи победата над Лас Палмас со убедливи 4:1 за да ѝ избега на Барселона со седум бодови предност на табелата во Ла Лига. Натпреварот беше одлична прилика за „кралевите“ да покажат доминација, а еден од најдобрите на теренот, Дани Себаљос, не пропушти да го „пецне“ најголемиот ривал.
„Барселона? На крајот од денот, не е важно да играте убаво ако тоа не носи резултати. Важно е да се победува,“ изјави Себаљос по натпреварот, директно коментирајќи ја ситуацијата на Барса, која претходно ремизираше против Хетафе.Оваа изјава веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, бидејќи Барселона сезонава двапати го совлада Реал Мадрид со резултати 4:0 и 5:2, го освои Суперкупот на Шпанија, и моментално е второпласирана во Лигата на шампионите, веднаш зад Ливерпул. И покрај тоа, Реал ја искористи шансата да го зголеми водството на табелата и да покаже дека континуитетот и резултатите се клучни, независно од стилот на игра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |