Сега е готово: Чаби Алонсо потврди дека го напушта Леверкузен

May 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сега е готово: Чаби Алонсо потврди дека го напушта Леверкузен

Она што со месеци се навестуваше, денес доби официјална потврда. Чаби Алонсо на крајот од сезоната ќе ја напушти тренерската функција во Баер Леверкузен. Шпанскиот стратег ова попладне ја сподели одлуката на прес-конференција, потврдувајќи дека претстојните два натпревари ќе му бидат последни на клупата на „фармацевтите“. „Оваа недела со клубот се договоривме дека мојот ангажман завршува на крајот на сезоната. Верувам дека ова е вистинскиот момент да се соопшти таа одлука“, рече Алонсо со сериозен тон, но и со видлива емоција. Иако многумина очекуваа веднаш да потврди дека ќе го наследи Карло Анчелоти во Реал Мадрид, Алонсо остана воздржан. „Сега не е време да зборувам за иднината. Сè во свое време“, додаде тој. Сепак, според шпанските и германските медиуми, трансферот на Чаби Алонсо во Мадрид е речиси завршена работа. Тој утрово имал емотивен говор на тренингот пред фудбалерите, каде признал дека циклусот што го започнал со тимот стигнал до својот крај.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.