Сега и официјално: Анчелоти е нов селектор на Бразил!

May 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сега и официјално: Анчелоти е нов селектор на Бразил!

Она што со месеци се шпекулираше, денес доби и официјална потврда – Карло Анчелоти е новиот селектор на бразилската фудбалска репрезентација. Италијанскиот стратег, познат по својот смирен пристап и огромно искуство, ќе седне на клупата на „кариоките“ на 26 мај и веднаш ќе започне со подготовките за големите предизвици што следат. По заминувањето од Реал Мадрид, 65-годишниот Анчелоти прифаќа нова страница во својата веќе богата кариера, овојпат во репрезентативниот фудбал. Очекувањата се огромни, со оглед на тоа што Бразил е петкратен светски првак и секогаш настапува со највисоки амбиции. Анчелоти ќе има задача да го изгради тимот кој ќе биде конкурентен на Светското првенство и ќе се обиде да му го врати сјајот на најтрофејниот национален тим на светот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.