Сега и официјално: Зиркзе е првото засилување за Јунајтед летово

July 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сега и официјално: Зиркзе е првото засилување за Јунајтед летово

Јунајтед и официјално го потврди Џошуа Зиркзе од Болоња како прво засилување ова лето. Тие платија нешто повеќе од клаузулата која беше 40 милиони евра. Напаѓачот стави потпис на петгодишен догоовр и се обврза до јуни 2029 година. „По разговорот со тренерот и лидерите на клубот, знам колку возбудлива ќе биде иднината тука и со нетрпение чекам да ја одиграм својата улога и да помогнам да се забележи успех. Јас сум играч кој секогаш го дава максимумот за победа, подготвен сум за новиот предизвик, да се искачам на едно повисоко скалило и да освојам повеќе трофеи. Привилегија е да се игра за овој легендарен клуб“, изјави Зиркзе. Минатата сезона постигна 11 гола и пет асистенции во Серија А играјќи за Болоња.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.