Сексуално ја нападна маскотата, па конечно доби казна! (ВИДЕО)

September 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сексуално ја нападна маскотата, па конечно доби казна! (ВИДЕО)

По цели пет години откако го направи безобразниот потег, Хуго Маљо доби парична казна поради сексуално злоставување на маскотата на натпреварот помеѓу Еспањол и Селта во Примера. Од страна на Кривичниот суд во Барселона тој беше прогласен за виновен за сексуална злоупотреба, а казната стигна откако се откри дека десниот бек го допирал лицето кое работело како маскота. Тој ќе плати 1.000 евра отштета за морална штета, како и судски трошоци во износ од околу 7.000 евра. „Обвинетиот со намера да го задоволи либидинското расположение и да го наруши сексуалниот идентитет на жртвата, ги ставил рацете под нејзиниот костим и ги допирал нејзините гради“, стои во соопштението на Судот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.