Секунди го делеа Кејн од првиот трофеј во кариерата, но ќе почека (ВИДЕО)

May 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Секунди го делеа Кејн од првиот трофеј во кариерата, но ќе почека (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе мора да почекаат уште најмалку едно коло за да ја освојат својата 34. титула во Бундеслигата, откако одиграа драматично реми 3-3 на гостувањето кај РБ Лајпциг во 32. коло. Лајпциг започна одлично и поведе со 1-0 благодарение на голот на Шешко во 11. минута, а до крајот на првото полувреме зголеми на 2-0 со погодокот на Клостерман. Но. второто полувреме донесе вистински спектакл. Баерн ја започна својата офанзива и преку Ерик Дајер во 62. минута намали на 2-1, а веќе во следната минута Олисе израмни на 2-2. Пресвртот беше комплетиран со голот на Лирој Сане во 83. минута за водство од 2-3, но радоста на гостите траеше кратко бидејќи Јусуф Поулсен постигна израмнувачки гол во 95. минута и донесе еден бод за Лајпциг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.