July 16, 2024 | | Свет
Герет Саутгејт официјално денес потврди дека заминува од англиската фудбалска репрезентација по уште едно неуспешно финале каде претпреа пораз од Шпанија. Веќе се пишува за неговиот наследник, а помеѓу кандидатите се појави и една жена. Според информациите на „Talk Sport“, Сарина Вигман, селекторката на англиската женска репрезентација е кандидат за нов селектор на машката репрезентација. Холанѓанката ја води Англија од 2021 година, претходно беше селекторка на женската репрезентација на својата татковина. Со Англија, Вигман минатата година беше втора на Светското првенство, зад Шпанија. Една година претходно го освои Европското првенство, а ФИФА четирипати ја прогласи за најдобар тренер во женска конкуренција во светот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |