Семејни проблеми за Аморим: На сопругата и е ладно во Манчестер

March 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Семејни проблеми за Аморим: На сопругата и е ладно во Манчестер

Рубен Аморим, покрај проблемите со слабите резултати на Манчестер Јунајтед во Премиерлигата, сега се соочува и со семејни предизвици. Како што пренесуваат медиумите од Островот, неговата сопруга, Марија Жоао Диого, никако не успеала да се навикне на животот во Манчестер. Главната причина за нејзиното незадоволство е постојаниот дожд и студеното време во овој англиски град. Семејството Аморим се пресели во Манчестер пред 5-6 месеци, доаѓајќи од сончевиот и живописен Лисабон. Марија, која е успешна дизајнерка, живее во Англија заедно со Рубен и нивните две деца. Таа е во брак со португалскиот тренер од 2013 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.