Сензација среде Мадрид: Валенсија го шокираше Реал (ВИДЕО)

April 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сензација среде Мадрид: Валенсија го шокираше Реал (ВИДЕО)

Вистинска сензација се случи на „Сантијаго Бернабеу“, каде што Валенсија ја шокираше домашната публика совладувајќи го Реал Мадрид со 1-2, во натпревар кој може да има големо влијание и на битката за титулата и на опстанокот во Ла Лига. Овој триумф е историски за „лилјаците“, кои по пауза од 16 години конечно успеаја да слават на теренот на Реал – последен пат тоа им успеа во 2008 година. Иако македонскиот голман Столе Димитриевски не доби минути, неговиот тимски колега Ѓорѓи Мамардашвили беше апсолутен херој. Во 13. минута одбрани пенал на Винисиус Жуниор, а веднаш потоа, во 15. минута, Муктар Дијакаби го шокираше „кралскиот клуб“ со погодок за 0-1. Реал успеа да се врати во натпреварот во второто полувреме, кога Винисиус во 50. минута се искупи со израмнувачки гол. По тој момент, се чинеше дека тимот на Анчелоти ќе направи пресврт, но Валенсија се одбрани храбро и стрпливо чекаше шанса. Во самиот финиш од мечот, кога ремито изгледаше како најреален исход, Хуго Дуро во 95. минута реализираше маестрален удар и ги замолкна трибините, носејќи три златни поени за својот тим, кои би можеле да бидат клучни во битката за останување во елитата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.