Сепак Александер-Арнолд нема да замине во Реал Мадрид бесплатно!

May 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сепак Александер-Арнолд нема да замине во Реал Мадрид бесплатно!

Реал Мадрид е подготвен да го обезбеди потписот на Трент Александер-Арнолд уште пред истекот на неговиот договор со Ливерпул, кој завршува на 30 јуни. Иако се работи за слободен агент, трансферот нема да биде сосема бесплатен бидејќи „кралскиот клуб“ ќе треба да плати симболична компензација од еден милион евра на Ливерпул, пренесува ESPN. Причината за ваквата брза акција е Светското клупско првенство, кое ќе се одржува од 14 јуни до 13 јули, а каде Трент би бил дел од составот на Реал. Мадриѓаните се во група со Ал Хилал, Пачука и Салцбург, и сакаат да влезат во турнирот со комплетиран тим. Покрај ангажманот на Трент, Реал се обидува да го финализира и изборот за нов предводник на клупата. Сите патишта водат кон Чаби Алонсо, кој треба да го преземе кормилото токму пред настапот на „кралевите“ во САД.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.