Сепак има надеж за францускиот гигант Лион!

June 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сепак има надеж за францускиот гигант Лион!

Олимпик Лион доби зелено светло од УЕФА за настап во Лига Европа, но само под еден услов – француската Национална дирекција за контрола и управување (ДНЦГ) мора да ја прифати жалбата на клубот на одлуката за испаѓање во Втората лига. Во официјално соопштение, од клубот велат дека е потпишан договор со органот за финансиска контрола на УЕФА, што им овозможува учество во европските натпреварувања, доколку останат во елитата. Лион ја заврши сезоната 2024/25 на шестата позиција во Лига 1 и обезбеди место во Лига Европа. Но, финансиски нерегуларности ja натераа ДНЦГ на 24 јуни да донесе шокантна одлука за нивно исфрлање во Лига 2. Сега сѐ зависи од исходот на жалбената постапка. Во меѓувреме, клубот веќе почна со враќање на дел од долгот, а со помош од ПСЖ, кој ја исплати целата сума за трансферот на Баркола, Лион доби финансиска инекција која може да биде клучна во жалбениот процес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.