October 5, 2026 | | Свет
Сер Алекс Фергусон откри дека неговото враќање на Олд Трафорд, по сериозните здравствени проблеми во 2018 година, било исклучително емотивно и тешко искуство. Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед призна дека воопшто не се чувствувал спокојно пред повторното појавување пред навивачите. „Бев преплашен. Би сакал да кажам дека бев целосно опуштен, но не бев. А потоа следуваше аплаузот, сето тоа признание...“, раскажа Фергусон за BBC Sport. Особено емотивен бил моментот за неговата сопруга, која била со него на трибините. „Мојата сопруга беше со мене и беше на работ на солзи. Кога седнавме, ми рече: „Ова е прекрасно“, откри Фергусон. За еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот, враќањето на местото каде што помина речиси три децении претставувало многу повеќе од обично појавување на стадионот. Била тоа средба со навивачите, со клубот и со едно незаборавно поглавје од неговиот живот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |