Сер Алекс Фергусон за новиот стадион на Јунајтед: „Ќе бидам таму, на еден или друг начин“

October 8, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Сер Алекс Фергусон за новиот стадион на Јунајтед: „Ќе бидам таму, на еден или друг начин“

Легендарниот Сер Алекс Фергусон отворено проговори за сопствената минливост и за желбата да доживее да го види новиот стадион на Манчестер Јунајтед. Поранешниот менаџер на клубот, кој денес има 84 години, во својата нова книга „Games of My Life“ пишува за моментот кога Јунајтед ги објавил плановите за изградба на нов стадион, кој треба да го замени историскиот „Олд Трафорд“. „Од време на време, смртта ми поминува низ мислите. Кога Јунајтед ги објави плановите за фантастичен нов стадион кој треба да го замени Олд Трафорд, се запрашав дали ќе бидам тука за да го прославам неговото отворање“, пишува Фергусон. Тој се надева дека изградбата ќе започне што е можно побрзо, бидејќи долгата реализација би значела дека тој би бил во доцните осумдесетти години во моментот на отворањето. „Се надевам дека брзо ќе започнат со изградбата, бидејќи ако трае пет години, ќе се приближувам до деведесеттата. Сепак, знам дека ќе бидам на церемонијата на еден или друг начин – лично или во духот“, додава легендарниот Шкотланѓанец. Зборовите на Фергусон се особено емотивни ако се има предвид неговата историска поврзаност со Манчестер Јунајтед и „Олд Трафорд“. На клупата на клубот помина повеќе од две децении и освои 38 трофеи, меѓу кои 13 титули во Премиер лигата и две Лиги на шампиони.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.