Сериозен удар за Сити: Заминува човекот кој го убеди Пеп да дојде во клубот!

October 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сериозен удар за Сити: Заминува човекот кој го убеди Пеп да дојде во клубот!

Директорот на фудбал во Манчестер Сити Чики Бегиристан заминува од клубот во 2025 година. Оваа функција ја извршуваше од октомври 2012 година и во негово време Сити успеа да освои седум трофеи во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите како најважни трофеи. Тој е „виновникот“ кој го убеди Гвардиола да седне на клупата на Сити. Претходно, истата функција ја извршуваше во Барселона од 2003 до 2010 година каде и таму двајцата соработуваа. Како што извести новинарот Дејвид Орнстин од „The Athletic“, оваа одлука веќе била позната во клубот. Бегиристан одреден период ќе паузира и не планира да се пензионира.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.