Сериозна е повредата: Јоро на патерици и со заштитна чизма (ВИДЕО)

July 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сериозна е повредата: Јоро на патерици и со заштитна чизма (ВИДЕО)

Талентираниот Лени Јоро доживеа повреда на својот деби натпревар како играч на Јунајтед, а сега беше забележан со патерици и со заштитна чизма на левата нога каде постои страв дека повредата на дефанзивецот е посериознa. Јоро дојде во Манчестер Јунајте откако нивната финансиска понуда до Лил за неговите услуги беше добра иако првично Јоро преферираше да направи трансфер во Реал Мадрид. Трансферот би можел максимум да изнесува околу 70 милиони евра, а Јоро се смета за еден од најдобрите тинејџери во светскиот фудбал. Тој се повреди контролниот натпревар против Арсенал во САД и беше приморан да го напушти теренот по половина час игра. Се очекуваат повеќе детали, но се стравува дека повредата на Лени Јоро е посериозна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.