Сериозни критики за Мурињо: „Скока како мајмун! Не знам зошто дојде во Фенербахче“

April 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сериозни критики за Мурињо: „Скока како мајмун! Не знам зошто дојде во Фенербахче“

Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на вниманието во Турција, но овојпат не поради тактички мајстории, туку поради несекојдневен испад во четвртфиналето од Купот, каде неговиот Фенербахче загуби со 1-2 од Галатасарај. Во момент на нервоза, португалскиот стратег направи потег кој шокираше многумина. Португалецот го фати за нос противничкиот тренер Окан Бурук, предизвикувајќи вистински хаос на теренот. Оваа сцена брзо стана главна тема во турските медиуми, а поранешниот репрезентативец Нихат Кахвеци не се воздржа од критики, велејќи дека Фенербахче воопшто не му требал тренер со такви испади. „Не разбирам зошто Мурињо дојде во Турција? Ова е прашање до фановите на Фенербахче. Прашајте го раководството, откако тренерот Исмаил освои 99 бода, зошто си замина? Не знам што се случи и зошто дојде до промена. Сега доаѓа Мурињо за да прави хаос за да го штипне противничкиот тренер за носот. Што значи тоа? Првпат гледам такво нешто, не разбирам зошто некој тоа би го направил. Скокаш како мајмун, а цела заедница на Фенербахче те поддржува“, прокоментира Кахвеци.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.