Серлот даде четири гола за половина час! (ВИДЕО)

May 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Серлот даде четири гола за половина час! (ВИДЕО)

Александер Серлот ја живее својата голгетерска бајка во дресот на Атлетико Мадрид. Норвешкиот напаѓач блесна со историско издание против Реал Сосиедад, постигнувајќи четири гола само во првото полувреме. Неверојатната серија започна рано – Сорлот ја тресеше мрежата во 7., 10. и 11. минута, со што за само четири минути дојде до хет-трик кој ретко се гледа на елитно ниво. Своето ремек-дело го заокружи во 30. минута, комплетирајќи спектакуларна вечер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.