Сестрата на Марадона ги обвини неговите ќерки: Не се грижеле за него

April 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сестрата на Марадона ги обвини неговите ќерки: Не се грижеле за него

Семејната драма околу смртта на Диего Марадона доби ново поглавје, откако неговата сестра, Ана Естела Марадона, сведочеше на судењето против медицинските лица обвинети за неправилности во грижата за легендарниот Аргентинец. Во своето сведочење, Ана Естела индиректно ја насочи вината кон ќерките на Марадона, Далма и Џанина, тврдејќи дека тие биле одговорни за неговата нега по операцијата. Таа откри дека последен пат го видела својот брат на клиниката, а потоа немала можност да биде во контакт со него, бидејќи неговата нега била во целосни раце на неговите ќерки, а ситуацијата дополнително била отежната од ковид-пандемијата. „Ме боли душата, го видов на клиниката и никогаш повеќе. По операцијата, за него се грижеа само ќерките“, изјави таа пред судот. Меѓутоа, нејзината сестра Нора даде поинаков исказ, нагласувајќи дека сите одлуки биле носени заеднички. Таа, исто така, го бранеше докторот Леполдо Луке, нарекувајќи го човек од доверба. Во текот на утрешниот ден, на судењето се очекува да сведочат и третата сестра на Марадона, Рита Мабел, како и Вероника Оједа, мајката на неговиот син, што може дополнително да ги разјасни или продлабочи контроверзиите околу оваа трагична приказна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.