October 10, 2024 | | Свет
Војчех Шчесни изјави дека ниту за еден друг клуб не би излегол од пензија како сега за Барселона што го направи тоа. Иако крајот на месец август објави дека решил да се пензионира, сепак Барселона му пристапи по тешката повреда на Тер Штеген и го убеди да излезе од пензија и да потпише за нив. „Немаше да ги облечам повторно ракавиците за ниту еден друг клуб. Ако пред еден месец некој ми речеше дека ќе бранам за Барселона, ќе прснев од смеење. Ако речете не на Барселона, тоа значи дека немате муда за таков предизвик“, рече Шчесни. Информациите од Шпанија велат дека Полјакот ќе му биде на располагање на Флик по завршувањето на репрезентативната пауза.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |