October 3, 2024 | | Свет
Војчех Шчесни и официјално беше потврден како нов фудбалер на Барселона откако реши да излезе од пензија и да ја прифати понудата на каталонскиот клуб. Тој изјави дека не добил никакви гаранции за тоа дека ќе биде прв голман, иако медиумите тврдеа дека тој бил неговиот услов за да потпише. „Немам никаква гаранција дека ќе бидам број 1 во Барселона, во фудбалот нема гаранции. Тука сум да бидам компетитивен. Доколку загубам од конкуренцијата, и Ињаки Пења брани добро оваа сезона, нема да бидам тажен. Клубот побара од мене да помогнам и ќе го направам тоа“, рече Шчесни. Тој дојде како директна замена на Тер Штеген кој ќе го нема минимум шест месеци поради тешката повреда на коленото.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |