Шчесни останува во Барселона уште две сезони, Тер Штеген ќе ги пакува куферите

July 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Шчесни останува во Барселона уште две сезони, Тер Штеген ќе ги пакува куферите

Каталонскиот гигант Барселона потврди дека полскиот голман Војчех Шчесни потпишал нов договор и ќе остане на „Камп Ноу“ до 2027 година. Оваа вест доаѓа по серијата извонредни настапи на искусниот чувар на мрежата, кој се врати од пензија токму за да го засили тимот. Шчесни, кој беше дел од најважните натпревари во завршницата на сезоната, со својата сигурност и лидерство успеа да го убеди клубот дека заслужува нова шанса и континуитет меѓу стативите. Паралелно, Барселона веќе го промовираше Жоан Гарсија како свое најново засилување на голманската позиција, што значи дека доскорешниот прв избор, Марк-Андре Тер Штеген, е пред заминување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.