Шчесни откри кој играч на Барса го убедил да дојде

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шчесни откри кој играч на Барса го убедил да дојде

Војчех Шчесни ја прифати понудата на Барселона и реши да излезе од играчка пензија. Се очекува дека на Шчесни ќе му бидат потребни неколку недели за да се врати во форма каде ќе се бори со Ињаки Пења за тоа кој ќе биде прв голман. Тој потпиша договор на крајот на сезоната и е директна замена на Андре Тер Штеген кој доживеа тешка повреда на коленото и ќе го нема барем шест месеци. Шчесни сега реши да открие кој фудбалер го убедил да дојде во Барселона. „Роберт Левандовски беше првиот кој ми се јави, тој беше првиот кој праша дали постои опција да се вратам од пензија. Во прв момент не бев подготвен за нови предизвици, но откако зборував со моето семејство и пријателите, ми рекоа дека ќе биде грешка ако не ја прифатам оваа понуда. Роберт одигра клучна улога во оваа операција, тој беше првата личност која имаше идеја да ме разубедува. Отсекогаш сум бил фан на Барселона, сам видов дека фановите се многу страствени и тимот кој го има Барселона во моментов е навистина интересен. Ова е возбудлив предизвик за мене, го прифаќам истиот со голем ентузијазам и полн со енергија. Подготвен сум да работам напорно и да ги прифатам сите предизвици кои ќе дојдат оваа сезона“, изјави Шчесни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.