Шчесни пуши цигари и за него тоа не претставува проблем

October 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шчесни пуши цигари и за него тоа не претставува проблем

Војчех Шчесни е познат во јавноста по тоа што е професионален голман кој е голем пушач на цигари. Тој од време на време пуши за да се ослободи од секојдневниот стрес. Воедно, тој тврди дека ова не претставува проблем и дека ова не влијае на неговата игра. Кога бранеше во Арсенал, тој дури беше и казнет бидејќи пушел цигари во соблекувалната. „Има работи што не ги менувам во мојот личен живот и ничија работа не е дали пушам или не. Тоа не влијае на мојата игра и работам двојно понапорно на теренот. Исто така, не го правам тоа пред децата за да не им давам лош пример. Понекогаш некој ме слика скриен зад дрвјата каде што не можам да ги видам. Тоа не зависи од мене. Се трудам да го сокријам и да не го покажувам на другите. Но, ако некој мисли дека ќе ги променам моите навики во мојот личен живот, нека размисли уште еднаш, бидејќи јас сум тоа што сум. Цел живот сум вака и тоа не е ничија работа. Сакам да бидам ценет како голман, тоа е тоа“, изјави Шчесни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.