Шчесни: Се плашев да играм против еден фудбалер

October 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шчесни: Се плашев да играм против еден фудбалер

Барселона беше причината поради која Војчех Шчесни реши да излезе од пензија каде Полјакот рече дека би било чудно ако не се предомисли и не потпише за таков клуб. На Шчесни ќе му биде потребен одреден период за да влезе во ритам, а се очекува да биде прв голман бидејќи клубот нема голема доверба во Пења кој не влева никаква сигурност на голот. Во интервју за „Mundo Deportivo“ тој призна од кој играч во кариерата стравувал и против кого не сакал да игра. „Секогаш се плашев да играм против Лео (Меси). Веројатно има и други играчи кои постигнале повеќе голови против мене. Но, тој беше единствениот против кого всушност се плашев да играм. Затоа што беше толку добар. Најзадоволителна одбрана беше пеналот на Меси на Светското првенство, но тоа не беше најдобрата одбрана во мојата кариера. Стадионот и ривалот го направија тој момент многу посебен за мене“, рече Шчесни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.