Шешко одлучил во кој клуб во Премиер лигата сака да игра

June 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шешко одлучил во кој клуб во Премиер лигата сака да игра

Арсенал е во потрага по напаѓач кој ќе и помогне во трката за Премиер лигата наредната сезона. Откако оваа година во последното коло ја загубија, а лани потрфлија во клучните моменти, тимот на Артета пак и наредната сезона ќе се бори да ја освои титулата која ја немаат освоено 20 години.

Информациите на The Athletic се дека избраниот напаѓач на Арсенал е Шешко, 21-годишниот напаѓач на бундеслигашот Лајпциг. Тој има откупна клаузула во својот договор од околу 65 милиони евра а за него заинтересирани се наводно и Челзи и Манчестер Јунајтед и други европски тимови.

Но, овој медиум пренесува дека чувството е дека ако тој го напушти Лајпциг, Арсенал би бил во пол позиција за неговиот потпис. Неговиот тим пак сеуште се обидува да го убеди да остане со нив.

Неговата вредност на пазарот изнесува 50 милиони евра, а тој има договор со Лајпциг до 2028 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.