September 20, 2024 | | Свет
Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата и стручњак Алан Ширер го прогнозира дербито меѓу Сити и Арсенал во недела на „Етихад“ и прогнозира за две работи. Едната е дека Арсенал ќе биде задоволен со бод, а втората е дека решавачки ќе биде дуелот на Халанд со Салиба, односно Халанд против двајцата стопери. „Арсенал не мора да победи, а според мене ја има најдобрата дефанзивна четворка, поддржана од останатите играчи. Едвај чекам да го гледам дуелот меѓу Халанд и Салиба, а победникот во недела може да биде одлучен со дуелот меѓу Ерлинг и стоперите на Арсенал. Мислам дека резултатот ќе биде нерешен, двете екипи играа во Лигата на шампионите, па мислам дека Сити нема да биде разочаран со реми, иако игра на домашен терен“, изјави Ширер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |