Ширер за дуелот Ливерпул-Сити во недела: Гледам само едно сценарио

November 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ширер за дуелот Ливерпул-Сити во недела: Гледам само едно сценарио

Викендов Ливерпул ќе го пречека Манчестер Сити во рамките на 13.коло. Додека Ливерпул буквално лета по теренот и игра феномално, актуелниот шампион на Анлгија се соочува со огромни проблеми во формата каде немаат победено во последните шест натпревари. Коментар за дуелот во недела даде и легендарниот Алан Ширер кој прогнозира победа на Ливерпул. „Доколку Сити не се затегне и засили во средниот ред, Ливерпул може да ги реши. Има толку многу големи битки на кои треба да се радуваме. За кого и да се одлучи Пеп на левата бековска позиција, ќе има огромен предизвик. Со формата во која се наоѓа Сити, Ливерпул на Енфилд и опциите кои ги имаат во нападот, не можам да видам ништо друго освен победа на Ливерпул“, рече Ширер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.