Ширер знае кој тим е најблизу да стане европски шампион: Тие се фаворити во ЛШ

April 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ширер знае кој тим е најблизу да стане европски шампион: Тие се фаворити во ЛШ

Реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите се играат утре и задутре, а по нив ќе бидат познати полуфиналните двојки во најелитното европско фудбалско натпреварување. Сцената е подготвена за возбудливи пресметки во Дортмунд, Бирмингем, Мадрид и Милано, сите закажани за вечерниот термин од 21 часот. Првите дуели понудија доста драма и интересни моменти, а љубителите на фудбалот со нетрпение очекуваат уште поголема неизвесност во реваншите. Во пресрет на овие пресметки, легендарниот англиски голгетер Алан Ширер го откри својот фаворит за освојување на титулата. „Барселона е фаворит. Победата над Дортмунд беше импресивна и според мене тие сè уште се најсилниот тим. Иако и ПСЖ изгледа силно. Се сеќавам кога ги гледав против Арсенал во септември во групната фаза, тогаш изгледаа просечно. Арсенал буквално ги прегази, изгледаше како лесен натпревар за нив. А сега ПСЖ е сосема друг тим, навистина извонредна трансформација“, изјави Ширер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.