June 30, 2024 | | Свет
Домаќинот Германија ја совлада Данска со 2-0 во натпревар кој беше прекинат и кој имаше контроверзни судиски одлуки. Каспер Шмајхел даде изјава за медиумите, но тој никако неможеше да се помири со поразот. „Чувствувам мешавина на разочараност, лутина и бес. Но тоа е денешниот фудбал. Играм фудбал професионално 23 години, но и понатаму очигледно не ги знам правилата. Офсајд е Офсајд. Може да биде преку линијата, но офсајд си е офсајд. Не знам колку технологијата ни помага во овој сегмент, но мора да и веруваме. Навистина не знам што може да направи играчот со раката во ситуација кога трча. Сите фудбалски маргини беа на нивна страна. Фудбалот и здравиот разум веќе не одат заедно, фудбалот и здравиот разум не одат во иста реченица“, рече Шмајхел. И дефанзивецот Јоаким Андерсен рече дека тоа никако не е пенал и дека во Премиер лигата каде моментално тој игра за Кристал Палас тоа никогаш не би се судело.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |