Шмајхел: Трофејот од 1992 го освоивме и за Југославија

September 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Шмајхел: Трофејот од 1992 го освоивме и за Југославија

Репрезентацијата на Данска сензационално го освои Европското првенство во 1992 година, иако воопшто немаше обезбедено пласман на шампионатот. „Данците“ беа втори во квалификациите зад Југославија, но по исклучувањето на тогашната југословенска селекција добија покана да настапат во Шведска. Легендарниот голман Питер Шмајхел се присети на тој турнир и на неверојатниот подвиг. „Сезоната беше завршена и сите се подготвувавме за одмор. Никој од нас не размислуваше за Европското. Потоа се појавија гласини дека Југославија нема да игра. Искрено, тоа не го посакувавме – ниту за нас, ниту за нив. Имаше премногу тага во таа приказна. Но кога се случи, моравме да отидеме и да дадеме сè од себе. 0-0 со Англија на првиот меч ни даде самодоверба, а потоа сè беше како авантура. Беше тешко, бидејќи бевме сместени во хотелот каде што требаше да биде Југославија. Чувствувавме дека играме и за нив, а не против нив. Кога го освоивме првенството, се чувствувавме како да го направивме тоа заедно – Данска и Југославија,“ изјави Шмајхел.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.