Шок за Барселона: Завршена е сезоната за Тер Штеген! (ВИДЕО)

September 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шок за Барселона: Завршена е сезоната за Тер Штеген! (ВИДЕО)

Барселона го совлада Виљареал со убедливи 5-1 на гостински терен, но исто така останаа без првиот голман Тер Штеген. Германецот доживеа тешка повреда поради која ќе го нема околу осум месеци и за него сезоната е завршена. Тој во судиското надополнување со солзи во очите на носилка беше изнесен од теренот. Марк доживеа тешка повреда на коленото при еден доскок. Дополнителните прегледи покажале дека се работи за сериозна повреда, а Барселона најверојатно во јануари ќе мора да бара нов голман, а дотогаш ќе брани Ињаки Пења.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.