Шок за Винисиус: Бразилецот нема да ја освои „Златната топка“!

October 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шок за Винисиус: Бразилецот нема да ја освои „Златната топка“!

Неверојатен пресврт се случи во трката за „Златната топка“. Имено, Винисиус Жуниор нема да отпатува за Париз вечерва бидејќи тој и неговиот клуб Реал Мадрид знаат дека тој нема да ја освои оваа престижна награда. Воедно, Перез, Вини, Анчелоти и Белингем нема да присуствуваат на вечерашната церемонија. „Винисиус нема да ја освои „Златната топка“. Ова е голем шок за Реал Мадрид. Се очекува Роди да биде победникот“, пишува „El Chiringuito“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.