April 19, 2025 | | Свет
Хрватска спортска јавност е во шок по трагичната вест за смртта на Никола Покривач, некогашен фудбалер на Динамо Загреб и хрватската репрезентација. Несреќата се случила синоќа во близина на Карловац, кога автомобилот во кој се наоѓал Покривач се судрил директно со друго возило. Сведоци на трагедијата тврдат дека несреќата била предизвикана од несовесен возач кој обидувајќи се да претекне неколку возила, изгубил контрола и се нашол на спротивната лента, каде што дошло до фаталниот удар. Покривач, кој зад себе остави богата фудбалска кариера и бројни настапи за националниот тим, беше само 38 години. „Ние бевме во третото возило за време на несреќата. Нас нè претекна тој човек и потоа сакаше да го помине и возилото пред мене. Во тој момент налета БМВ-то и се судрија директно. Потоа нè закачи и нас. Ужас. Имавме мало дете со нас во автомобилот. За среќа сите сме живи“, кажа возачот на едно од возилата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |