Шоу на Каземиро: Им поклони два гола на Ливерпул! (ВИДЕО)

September 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шоу на Каземиро: Им поклони два гола на Ливерпул! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед е во негатива од два гола против Ливерпул на „Олд Трафорд“ на полувреме. Директен виновник за двата гола е Каземиро кој има натпревар за заборав. Бразилецот буквално и двата гола им ги поклони на Ливерпул. И првиот и вториот гол ги постигна Луиз Дијаз, а двата гола паднаа на асистенција на Салах. Лоша вест е што Лисандро Мартинез и Маино заработија картони уште првото полувреме, па ќе мораат да бидат претпазливи. Првиот гол падна во 35. минута, а вториот во 42. минута. Се очекуваат промени кај Јунајтед во второто полувреме каде најверојатно Каземиро ќе биде изваден од игра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.