Шпанците газат летово: Ќе играат за златото на Олимписките игри! (ВИДЕО)

August 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шпанците газат летово: Ќе играат за златото на Олимписките игри! (ВИДЕО)

Шпанија успеа да го сврте резултатот и се пласираше во финалето на ЛОИ во Париз. Откако го освоија ЕП во Германија, сега ќе имаат шанса да дојде до нов златен медал. Тие го победија Мароко а пресвртот дојде во второто полувреме. Фермин Лопез донесе изедначување во 66. минута, додека голот за целосен пресврт беше дело на Хуанлу во 85. минута каде Лопез беше во улога на асистент. Вториот финалист ќе биде познат вечерва по натпреварот помеѓу Египет и Франција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.