April 10, 2025 | | Свет
Реал Мадрид се соочува со непосакувана мини-криза во најчувствителниот момент од сезоната токму кога се одлучува за титули на сите фронтови. Во последните три натпревари, „кралевите“ имаат два пораза и едно реми, со вкупно девет примени голови, што ги разбуди алармите во редовите на „Сантијаго Бернабеу“. Најболниот удар за тимот дојде од Лондон, каде што Арсенал им зададе тежок пораз од 3-0 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Претходно, тимот ремизираше 4-4 против Реал Сосиедад во Купот на кралот, изборувајќи финале дури по продолженија, додека на домашен терен загуби од скромната Валенсија со 1-2, резултат што ѝ дозволи на Барселона да се одвои на врвот со четири бода предност. Шпанските медиуми, особено порталот „Релево“, укажуваат дека проблемот не е само резултатски, туку длабоко вкоренет во внатрешната динамика на тимот. Според нив, уште од почетокот на сезоната владее рамнодушност во соблекувалната, без страст по победи, но и без фрустрација по порази. Недостигот на лидерство е најчесто споменуваниот фактор за падот на формата. Заминувањата и повредите на играчи како Тони Крос, Начо, Дани Карвахал и Хозелу оставиле празнина која никој не успеа да ја пополни. Нивното влијание, и на теренот и во соблекувалната, се сметало за пресудно за минатогодишните успеси. Иако директно не се именува, меѓу редови се насочува критика и кон Лука Модриќ, капитен и најискусен играч на тимот. Со 39 години и богатство од трофеи зад себе, од него се очекува токму она што сега недостига во тимот, а тоа е да биде јасен лидер во клучните моменти на сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |