Шпанците со сурова тактика: За Мбапе ќе бидат задолжени пет играчи!

July 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шпанците со сурова тактика: За Мбапе ќе бидат задолжени пет играчи!

Шпанскиот медиум „AS“ го открива планот на селекторот на шпанската репрезентација Луис Де ла Фуенте за полуфиналето кое се игра утре меѓу Шпанија и Франција. Овој медиум тврди дека повредата на Педри и суспензиите на Ле Норманд и Карвахал го принудуваат тренерот да измисли нов тим за меч достоен за финалето. Начо ќе игра на местото на суспендираниот Ле Норманд Олмо ќе игра во средината наместо Педри, но најголемото изненадување е на десниот бек. На местото на суспендираниот Карвахал пак, ќе игра ветеранот Хесус Навас. „Тоа е голема вест бидејќи не се работи само за офанзивец, туку и за 38-годишник. Шпанците пишуваат дека Де ла Фуенте, ветеранот кој одигра комплетен, но незначаен натпревар против Албанија и девет минути против Грузија на ЕП, го гледа како идеален да го запре Мбапе од неколку причини: „Мбапе не игра добро на ЕП, меѓу другото и поради скршеницата на носот, поради што не може да издржи цел натпревар, особено не продолженија. Затоа тренерот го испраќа Навас, познат по борбеноста, решителноста и посветеноста“. Од „AS“ додаваат: „Многу е тешко да се замени Карвахал на позицијата десен бек, кој своите одлични игри минатата сезона за Реал ги преточи во националниот тим. Ова значи дека на Навас ќе му помагаат дури четворица соиграчи. „Во запирање на Мбапе ќе биде поддржан од Начо и Родри со помош на Лапорте и Олмо. Навас, пак, е офанзивен играч, познат по пробивањето на страна и префрлањето на топката. Но, тоа не значи дека ја игнорира дефанзивната фаза. Многупати докажа дека за него нападот е најдобра одбрана. На крајот на краиштата, неговата брзина ги принудува напаѓачите на негова страна да играат одбрана“, пренесуваат од шпанскиот медиум.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.