October 17, 2024 | | Свет
Столе Димитриевски летово го направи трансферот на кариерата со тоа што премина во Валенсија. Иако се очекуваше Мамардашвили да биде продаден, а Столе да биде прв голман, се случи една интересна ситуација. Не само што што Столе не е прв голман сега, туку и Мамардашвили остана во клубот уште една сезона пред трансферот во Ливерпул. За ова пишуваме и шпанскиот весник „Marca“ каде беше прокоментирана ситуацијата на Димитриевски во клубот. „Димитриевски беше прво засилување за Валенсија во текот на летото, постојано бранеше во текот на подготовките и се одеше во најдобар ред за него се до моментот кога беше одлучено Мамардашвили да дојде на едногодишна позајмица од Ливерпул. Оттогаш Столе има нула минути и уште чека на своето деби. Најголемото летно засилување седи на клупата и најверојатно ќе му биде дадена шанса во меч од Купот против некој нисколигаш. Ситуацијата за него не е лесна бидејќи пред да потпише беше слободен играч и имаше понуди и од други клубови од Шпанија и Европа, но ја избра Валенсија затоа што очекуваше да биде прв голман и да го покаже својот квалитет“, стои во анализата на „Marca“. Димитриевски сè уште нема дебитирано за Валенсија, а претпоставките се дека после наредната сезона, тој и дефинитивно ќе биде прв голман.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |