June 8, 2025 | | Свет
Финалето на Лигата на нации меѓу Шпанија и Португалија нуди вистинска драма за љубителите на фудбалот, бидејќи натпреварот по 90 минути заврши без победник – 2-2, па победникот ќе се решава во продолженија или на пенали. Шпанската селекција двапати беше во водство, но борбените Португалци успеваа да се вратат во игра. „Црвената фурија“ имаше одличен старт и уште во првото полувреме постигна два гола преку фудбалерите на Реал Сосиедад – Зубименди и Ојарзабал. Сепак, Португалија не се предаде – израмнувачките погодоци ги постигнаа Нуно Мендес и ветеранот Кристијано Роналдо. Несреќна вест за Португалија пристигна во самиот финиш на регуларниот дел – на само две минути пред крајот, Роналдо мораше да го напушти теренот поради повреда, која најверојатно е поврзана со задната ложа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |