Страшни два гола на Фермин Лопез, Шпанија оди во полуфинале! (ВИДЕО)

August 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Страшни два гола на Фермин Лопез, Шпанија оди во полуфинале! (ВИДЕО)

Селекцијата на Шпанија е вториот полуфиналист на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз. Со 3:0 убедливо беше совладана Јапонија во четвртфиналето со голови на фудбалери кои настапуваат за екипи од Каталонија. Фермин Лопез постигна два прекрасни гола а конечните 3-0 беа дело на Абел Руиз. Шпанците во полуфиналето ќе се соочат со незгодната селекција на Мароко.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.