Шпански медиум тврди дека е познат добитникот на „Златната топка“

October 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шпански медиум тврди дека е познат добитникот на „Златната топка“

Наредната недела ќе биде објавен победникот на „Златната топка“, а шпански медиум тврди дека веќе е познат освојувачот. Имено, „AS“ објави дека „Златната топка“ ќе ја освои Винисиус Жуниор од Реал Мадрид. Минатата сезона тој имаше учинок од 24 гола и 11 асистенции и со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и Примера. Најголема конкуренција на Винисиус за освојување на оваа награда е Родри. Последен Бразилец кој ја освои „Златната топка“ е Кака во 2007 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.